Актуелно 30.03.2019 15:10

Владата ќе поарчи 670 илјади евра за хортикултурно уредување

Владата ќе поарчи 670 илјади евра за хортикултурно уредување

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа.

Проценетата вредност на истиот изнесува 41 милион денари односно околу 670 илјади евра. Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.