Актуелно 02.04.2019 16:31

Заев повторно фатен во лага – Според Светска Банка долгот пораснал на 48,4 %

Заев повторно фатен во лага – Според Светска Банка долгот пораснал на 48,4 %

 

Во новиот извештај на Светска Банка стои дека во Македонија се зголемил јавниот долг. Имено, во извештајот стои дека долгот како процент од Бруто домашниот производ  пораснал од 47,7 %  на 48, 4%.

Додека Владата зборува и ги уверува граѓаните дека јавниот долг е намален и стабилизиран Светските финансиски реномирани институции го тврдат сосема спротивното. Инаку, во неколку наврати и во неколку емисии Министерот за финансии Драган Тевдовски континуирано истакнува дека една од работите со која може да се пофали оваа Влада е намалување на долгот но како што податоците  во извештајот покажуваат тоа не воопшто така.

 

Исто така голем дел од експертската јавност алармираше за зголемувањето на јавниот долг и дека со огромните задолжувања процентот на долгот на државата  секојдневно расте но таквите изјави Владата ги игнорираше и демантираше.

Инаку Владата пред да дојде на Власт беше гласен критичар на задолжувањата и кревањето на   јавниот  долг но од како е на власт континуирано се задолжува додека  сите други економските параметри се катастрофални.