Според новиот извештај на Светска Банка за земјите од Западен Балкан преценките за Македонија се дека растот до 2020 година ќе изнесува скромни 3,2 % . Исто така во извештајот стои дека јавниот долг на Македонија се зголемил од 47, 8 % на 48, 4 %. Според експертите ваквата состојба покажува дека македонската економија воопшто не оди напред туку напротив дека стагнира и се уназадува.
Имено, Зоран Заев и Владата пред да дојдат на власт ветуваа дека економскиот раст ќе изнесува 5 % додека проценките и податоците на Светска Банка го кажуваат сосема спротивното. Економистите коментираат дека со вакво бавно и очајно темпо на работа од страна на Владата македонската економија се соочува со црно сценарио.
Додатно, минатата недела германските бизнисмени ја оценија работата на Владата со нула што е уште еден доказ дека владиниот тим задолжен за економија и економски работи потфрли и дека македонската економија не се движи по посакуваната и ветената насока.
Исто така во извештајот стои дека јавниот долг до 2020 година ќе се искачи на 54 , 4 % од бруто домашниот производ.