На денешната дебата помеѓу кандидатите за претседатели на Сител Телевизија кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова кажа дека влезот во НАТО И ЕУ не значи по автоматизам и економски развој.
Таа своето излагање го подржа со факт за соседна Србија за која кажа дека најголем број на странски инвестиции има токму оваа земја која не е ниту член на НАТО ниту на Европската Унија.
Кандидатот за претседател Силјановска Давкова потенцираше дека Србија има далеку повеќе странски инвестиции и од Словенија и од Хрватска и од Бугарија кои се членки на НАТО и на ЕУ.
Таа истакна дека сите анализи покажуваат дека влезот во НАТО и ЕУ не значи по автоматизам прогрес во економијата.
Исто така Силјановска го потенцираше и негативниот пример со Грција која е дел од НАТО и Европската Унија но сепак беше во економска криза.