На масовниот митинг во Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посебен дел од својот говор издвои за да им се обрати на пензионерите.
-Ќе ги споменам и пензионерите, оние на кои оваа власт им изрази непочитување, на кои им го укинаа законско предвиденото зголемување на пензиите, а пензиите не се покачија ниту за денар. Власта која ги казнува и не реализира ниту еден проект за нив, оние луѓе кои во староста треба да имаат спокоен живот, а го немаат зошто власта не ги почитува. Време е сега вие да ја казните власта, порача тој.