Актуелно 01.05.2019 10:50

Владата се задолжува до гуша , ново задолжување од 19,4 милиони евра овој месец

Владата се задолжува до гуша , ново задолжување од 19,4 милиони евра овој месец

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.200.000.000 денари или 19, 4 милиони евра на 7 –ми овој месец . Ова е едно од низата задолжувања кои Владата ги направи од почетокот на годината.

 

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира на 7 Мај тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината  изнесува огромни 287,4 милиони евра. Претходно владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра додека сега за неполн месец повторно ново задолжување од 19, 4 милиони евра.

Експертите сметаат дека ваквиот вид на задолжувања кои не се пропатени со вложувања во инфраструктури и стратешки проекти   се опасни за и онака слабата македонска економија. Имено,  според експертската јавност Владата континуирано се задолжува додека нема никакви видливи и конкретни проекти каде се трошат огромните средства кои се земаат од задолжувањата. Градежништвото исто така е во пад со што целокупната економија не се движи напред туку напротив уназадува. Така според сите официјални податоци и извештаи Македонија според економскиот раст е на дното како на Балканот така и во Европа.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.

Владата пред да дојде на власт постојано ги критикуваше огромните задолжувања но од кога е на владејачката позиција постојано ги практикува. Економистите велат дека доколку се продолжи со вака динамично темпо  на задолжување а притоа непропратено со исто темпо на реализација на капитални инвестиции македонската економија ќе се соочи со огромни проблеми.