Актуелно 03.05.2019 14:45

Градежништвото во пад економијата се повеќе тоне

Градежништвото во пад економијата се повеќе тоне

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во градежништвото има пад од 15 %. Имено извршените градежни работи во месец февруари изнесуваат за 15 % помалку што се поразителни бројки.

Дека економијата е на стаклени нозе и дека Владата ништо не работи и потфрли во реализација на своите ветувања е и податокот што излезе неодамна за катастрофалната реализација на капиталните инвестиции за првите три месеци од годината од само 6 %.

Падот на градежништвото воопшто не е изненадување затоа што од реализацијата на капиталните проекти зависи и растот на градежништвото во државата. Економистите сметаат дека ваквата слаба реализација на капитални проекти и пад на градежништвото додатно негативно ќе влијаат врз и онака кревката македонска економија која според сите економски параметри се наоѓа на дното на Балканот и Европа.

Со вака лоша динамика на реализацијата на капиталните проекти и падот на градежништвото според експертите прашање е дали и проектираниот раст од 3, 2 % за оваа година ќе се исполни.

Инаку, Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и ќе има инвестициски и капитален бум но сите податоци го покажуваат сосема спротивното.