Владата на СДСМ и Зоран Заев потфрли во делот на економијата коментираат економистите. Имено, според официјалните податоци оваа година земјава има најмал број на инвестиции за првиот квартал од 2019 година или само 29. 68 милиони евра.

Според анализите ова е најлош резултат остварен во првиот квартал во изминатите 10 години што е катастрофален резултат посебно ако се земе фактот дека Владата се фалеше и ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и ќе има инфраструктурен и инвестициски бум.
Исто така премиерот Зоран Заев и министерот Тевдовски најавуваа дека после влезот во НАТО ќе има навала на инвестиции но ништо од тоа не се случи.

Дека економијата тоне и дека ништо не се работи зборува и извештајот на Министерството за финансии во кој реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец Април изнесуваат едвај 10 %.
Додатно пред некое време германските инвеститори ја оценија работата на Владата со нула.
