Актуелно 10.06.2019 10:57

„Стапката на сиромаштијата се повеќе се зголемува, засега бројката достигна до 500.000 граѓани кои живеат на раб на егзистенција“

„Стапката на сиромаштијата се повеќе се зголемува, засега бројката достигна до 500.000 граѓани кои живеат на раб на егзистенција“

СДСМ откако дојде на власт економијата го допре дното.

Привидот дека имаме огромен раст од 4,1% во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9%. Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година.

Имаме исклучително низок раст на преработувачката индустрија од 3% што докажува дека мерките што оваа влада ги насочува кон приватниот сектор и индустријата не даваат подобрување.

Стапката на сиромаштијата се повеќе се зголемува, засега бројката достигна до 500.000 граѓани кои живеат на раб на егзистенција.

Капитални инвестиции речиси и да нема. Нема нови градинки, нема нови училишта, нема нови спортски сали, нема нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани.

Сето ова само докажува дека Заев и неговата криминална влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата. Тие единствено гледаат за нивниот џеб, а не за доброто на граѓаните, затоа метлата мора да заигра за целата власт.