Откако од министерството за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку во текот на вчерашниот ден беше поставен како вицепремиер на Македонија, од Владата веруваат дека неговото искуство ќе биде добредојдено за Република Македонија.
-Ние се надеваме дека Садула Дураку ќе донесе многу со неговото искуство. Што се однесува до неговите примања, тие ќе бидат исти како и на неговите претходници, истакна портпаролот на владата, Мухамед Хоџа.
Граѓаните пак, со реакции за владиниот избор. Социјалните мрежи брујат за Дураку, или како што го нарекуваат Командант Вентили.
Инаку, на вчерашната седница на Владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Дураку беше назначен за заменик на претседателот на Владата.
Тој во новото министерство дојде од функцијата министер за животна средина и просторно планирање.
И шарените револуционери, по овој избор, повторно се разочараа од премиерот Зоран Заев и гласно го искажува својот револт.
Поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената револуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер.
-Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.
Со реакција и негодување за вицепремиерската функција да му се додели на Дураку, на Фејсбук се јавија и Нора Шаќири, Сашо Тасевски…
