Актуелно 16.07.2019 15:28

Лиле Стефанова: Потпис на сите одлуки и списи од СЈО става единствено Катица Јанева

Лиле Стефанова: Потпис на сите одлуки и списи од СЈО става единствено Катица Јанева

Согласно законот за Специјално јавно обвинителство, сите одлуки, секој спис кој ќе излезе од ова јавно обвинителство, единствено го потпишува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и во нејзино име кога е отсутна од овластени јавни обвинители. Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова Обвинителство. Ниту мислењата за пуштања од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патни исправи на Цветан Панделески, рече специјалната обвинителка Лиле Стефановска на новинарски прашања во седиштето на СЈО.

 

Таа демантираше дека во нејзиниот дом е извршен претс и истакна дека не стравува од било какво евентуално инворвирање во новата истрага на ЈО за рекетот кој се вршел врз бизнисмени.
– Како што кажав сите одлуки си ги потпишува и ги носи Катица Јанева, така е согласно законот. Аргументите за некој да биде во куќен притвор и во притвор се исти. Тоа се аргументи за притвор. Јас немам законско право да потпишам ниту една одлука, истакна Стефановска.