На официјалната страна на Министерството за финансии излезе извештајот за извршување на буџетот заклучно со месец Јуни. Имено, реализацијата на капиталните трошоци се очајни 20, 33 % што е катастрофална бројка.

Економистите сметаат дека со вака очајно темпо на реализација на капиталните инвестиции земјава не може да се надева на висок раст на Бруто домашниот производ. Инаку, владата ветуваше голема реализација на капиталните трошоци економски и инвестициски бум но ниту едно од овие ветувања не се остварија. Експертската јавност коментира дека владата наголемо потфрли во своите економски политики .
Неодамна работата на владата во делот на економијата беше оценета и од германските компании кои работат во Македонија со нула.

Експертите коментираат дека ваквата очајна динамика на реализација на капиталните трошоци додатно ќе има негативно влијание врз градежништвото кое пак е една од носечните гранки во Република Македонија и главно учествува во градењето на Бруто домашниот производ што додатно негативно ќе влијае врз економскиот раст.
Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и дека фокусот ќе биде на економијата но економските индикатори за првите 6 месеци заклучно со месец јуни го покажуваат сосема спротивното.


Економистите велат дека со вака лоши политики и неработење прашање е дали земјава ќе го достигне проектираниот раст. Додатно загрижувачки е фактот што задолжувањата континуирано растат додека капитални проекти кои се од стратешка важност на државата воопшто не се градат.