Актуелно 30.07.2019 21:26

Мицкоски се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан

Мицкоски се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан се сретна со лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Австрија и на Унгарија.

Според агендата, Мицкоски денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.

Мицкоски на средбата со Орбан е во придружба на Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, а за средбата јавува и весникот „Hungary journal“.

На средбата се разговварало за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство.