1 402 Македонци станале бугарски државјани од почетокот на годината. Овие податоци ги изнесе бугарската заменик-претседателка, Илијана Јотова која како што пренесуваат медиумите од Бугарија, вкупно 2 098 странци се стекнале со бугарско државјанство по потекло.
Според неа, најмногу лица се стекнале со бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло, а бројката по други основи, на пример со натуралиузација, се многу помали.
Јотова истакнала дека не станува збор за построги правила по другите основи, туку дека нема начин како да се примат како веродостјни барањата на кандидатите за бугарско државјанство, кои немаат никаков документ за потекло.