Актуелно 19.08.2019 11:01

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови- ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови- ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови. СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати. Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално, стои во партискта реакција и се додава:

„Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието“.