Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје заедно со целокупната опозиција ја напушти седницата на Градот Скопје заради незаконското ставање на точката на дневен ред- Продажба на Градската куќа.
„Петре Шилегов нема проблем да ја излаже јавноста. Впрочем Крадоначалникот станува и лажго”, ова го изјави денес советничката во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова.
Таа потенцираше дека Шилегов пред неполна недела на новинарско прашање по претходно тврдење на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се продаде градската куќа, негирал дека тоа е точно. Шилегов тогаш изјавил дека лично не гледал и не препознавал во изминативе две години дека опозицијата креирала било каква политика за градот, и за луѓе кои немаат политика не треба сериозно да бидат сфатени.
„Денес како итна точка на дневен ред Шилегов предлага продавање на новоизградената градска куќа, дополнително се предложија уште 8 дополнителни точки без причина за нивна итност. Поголемиот дел додатни точки се за вработувања покрај постојните 186 за кои требаше да одлучува советот. Значи она на што предупредуваме, а Шилегов го негираше сега се реализира. Значи наместо да гради, Шилегов продава”, додаде Попова
Од ВМРО-ДПМНЕ го запрашаа Шилегов зошто потребна итноста на ваквата одлука и зошто има потреба да ја лаже јавноста, дали зад целиот овој случај стои силен бизнис интерес.
Ирена Попова го праша Шилегов зошто полутајно на шверцерски начин преку злоупотреба на процедури ја продава новоизградена зграда и дали зад ваквата бизнис зделка стојат приватни и лични интереси?