Илија Димовски на денесшната седница побара повлекување на точката Закон за Инспекторат на јазиците, а основа за тоа му беше негативниот извештај на Веницијанската комисија.
Веницијанската комисија го повика Собранието да го ревидира овој закон кој е оценет како НЕФУНКЦИОНАЛЕН и НЕПРИМЕНЛИВ.
-Барам повлекување на точката Закон за Инспекторат на јазиците, а основа за тоа е негативниот правен извештај на Венецијанската комисија која го повикува Собранието да го ревидира Законот за јазици кој е оценет како нефункционален и неприменлив. Прво треба да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија, рече Димовски.
ЗА: 30 Против: 47 пратеници Мнозинството го одби предлогот.

