Судир на интереси и некомпетентност во Бирото за јавни набавки
Примената на новиот Закон за јавни набавки во однос на управната контрола и обуките воопшто не е на задоволително ниво. Законот стапи во сила од април оваа година но Бирото нема соодветни кадровски и технички капацитети за спроведување на истиот. За примената на истиот, се уште не се примени нови вработени во новиот сектор за контрола иако во Советот за јавни набавки кој беше укинат постоеше стручна служба од 40 високо обучени лица. Праксата покажува исклучително лошо управување со кадровскиот потенцијал во системот за јавни набавки. На чело на Бирото е поставено некомпетентно раководно лице кое во операцијата “метла” беше сменето што е индикатор дека работите се на незадоволително ниво. Во однос на обуките на лица задолжени за јавни набавки Бирото воопшто го нема потребниот капацитет. Вработени од Бирото вршат обуки за надворешни консултантски фирми иако во исто време има недостиг на термини за обуки во рамките на Бирото. Тоа преставува судир на интереси.