Покачувањето на платата е секогаш позитивен чекор, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец од Штип.
Но, постои сомнеж дека како и досега работодавците ќе го изигруваат законот, а работниците ќе бидат принудени дел од парите да ги вратат во кеш кај работодавецот.
„Сѐ ќе биде чист популизам и уште поголемо незаконско работење, враќање на дел од плата на работодавачот, случаи кои и сега ги имаме. Ова го потенцирав и на панел дискусијата за време на нашата Текстилијада каде присутни беа и министерката Мила Царовска, гости од регионот, синдикати и претставници од шведскиот синдикат Ханделс. Доколку се даваат буџетски пари за субвенции, придонеси, фондови, нека се даваат на фирмите кои навистина работат законски и почитуваат работнички права. Нека на тој начин бидат наградени и оваа Влада покаже дека сака такви позитивни работодавачи во својата земја“, вели Апмева.
Критериуми мора да има, институциите мора да работат за да работниците ги видат резултатите и мерките кои се носат, додава таа.