Владата на Нов Зеланд планира да воведе данок за повеќето меѓународни патници, а средствата ќе ги искористи за инвестиции во инфраструктурата. Министерството за туризам ќе почне да наплаќа такса од 35 долари за секој посетител, со што се очекува да се зголеми буџетот на земјата 55,8 милиони долари.
Министерот за туризам, Келвин Дејвис, вели дека и туристите треба да дадат свој придонес за да се овозможи подобра инфраструктура во земјата, која е потребна и заради подобра заштита на природните ресурси во кои уживаат.
Оние што доаѓаат од Австралија, ќе бидат изземени од плаќањето данок, а ваква мерка е можно да се применува и за туристите од Кина. Токму од овие земји се и најмногубројните посетители на Нов Зеланд. Данокот ќе се плаќа при аплицирањето за виза, а ќе може да се плати и преку елекстронски систем за патување, кој ќе се воведува.
Нов Зеланд бележи рекорден раст на туризмот во изминатите четири години, што влијаеше на оштетување на инфраструктурата.