Актуелно 28.10.2019 15:04

Тешки му беа опинците, па сега ќе оди бос- Заев со ново ветување за 500 евра просечна плата

Тешки му беа опинците, па сега ќе оди бос- Заев со ново ветување за 500 евра просечна плата

Зоран Заев повторно испрати ветување за реализација на планот, во Македонија да се постигнат 500евра просечна плата. Тој викенов од трибина во Прилеп, пред прилепчани повторно во негов стил, охрабрен, од како што вели, економските показатели во Македонија ќе го реализирал своето ветување дадено пред изборите во 2016 година, дека ако требало ќе оди и бос, ама во Македонија ќе имало 500 евра просечна плата.

– По секоја цена, ако треба, да одам бос, без чевли идната година ќе има просечната плата до 30 000 денари.Ќе тргне спиралата на зголемување на платите во сите сектори. Не само на минималната која е веќе 14 500 денари, туку и на просечната плата. Освен тоа, ќе има огромно зголемување на пензиите од почетокот на следната година – изјави Заев пред прилепчани.

Но само за потсетување, тој пред само 9 месеци, исто така на трибина пред велешани, даде сосема спротивна изјава од сегашната. Тогаш тој храбро и одлучно, верувајќи во своите изјави, кажа дека ако треба и железни опинци ќе облечел ама во Македонија ќе има 500 евра просечна плата.

– Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес.

Дали опинците се извиткаа и ‘ргосаа, или пак босите нозе ќе бидат со рани, граѓаните во Република Македонија, никако да ги осетат придобивките од зголемувањето на минималната плата и просечната плата.

Напротив, според статистичките податоци од Заводот за статистика на  Македонија покажуваат дека просечната плата во јуни годинава е 25.127 денари или 409 евра, што е најниска месечна плата во регионот.