Актуелно 01.11.2019 17:08

Нова инвестиција во Суботица , Македонија се повеќе на дното на листата на инвеститорите

Нова инвестиција во Суботица , Македонија се повеќе  на дното на листата на инвеститорите

Српскиот портал „Економски“ објави дека германската компанија “B+B Thermo-Technik GmbH” за производство на термотехнички сензори отворила фабрика во Суботица која ќе вработи 100 луѓе.
Станува збор за инвестиција од 1 милион евра. Инаку, компанијата работи во Германија од 1984 година и покрај Суботица има производствени капацитети во Холандија, Кина и Хонг Конг.

Србија се повеќе станува атрактивна за инвеститорите и се повеќе бизнисмените ја прескокнуваат Македонија за да инвестираат во соседна Србија и другите соседни земји . Додека Македонија пред само две три години важеше за една од топ дестинациите на германските компании и инвеститори , тие се помалку се одлучуваат да инвестираат во земјава и покрај најавите на владата дека инвестициите растат и дека земјата е перцепирана како добра бизнис дестинација.

 

Така според официјалните податоци приливот на странски директни инвестиции за првите шест месеци од 2019 година е само 55, 6 милиони евра со што Македонија се запиша на дното на табелата од сите соседни земји во поглед на прилив на странски инвестиции.

 

Имено, приливот на СДИ за првата половина од 2019 година е следен:Србија – 1.9 милијарди евра СДИ ,Албанија – 536 милиони евра СДИ,Бугарија – 524 милиони евра СДИ и Македонија – 55,6 милиони евра додека приливот на СДИ по глава на жител за првата половина од 2019 година најмногу има Србија – 273 евра/жител , Албанија – 189 евра/жител па следува Бугарија – 75 евра/жител и Македонија – 27 евра/жител.

Дополнително , германските компании лани ја оценија работата на владата во делот на економијата со 0 и најверојатно ваквата состојба ги одбива странските инвеститори да вложат капитал до државата во форма на инвестиции и отворање фабрики.Како информација , германските инвестиции во Војводина достигнаа 1,4 милијарди евра, а во моментов има околу 50 германски компании кои вработуваат над 60 000 работници додека во Македонија и оние кои работат тука не се задоволни со состојбата.

И на крај дека состојбата не е сјајна во економијата потврди и “Doing Business “ во својот извештај за 2020 година каде Македонија падна за 10 места споредено со лани односно од 10 на 17.