Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за престојните паралментарни посочи дека Изборниот законик е само парче хартија со кое се дефинираат правилата на игра, но она што е поважно за него е да се зборува за моралот и етиката кај политичарите.
-Идејата е изборниот законик е само парче хартија и според тој изборен законик вие ќе ги спроведете изборите ќе има недостатоци, ќе нема, генерално ги дефинира правилата на игра, но што е со моралот и етиката кај политичарите. Ајде да зборуваме малку за моралот и етиката ајде да иновираме, вели тој.
Според Мицкоски најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носите на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.
-Мислам дека е многу важно тие европски стандарди да ги пресликаме во Македонија. Вие се сеќавате имаше Европски избори, не така одамна, повторно победи ЕНП и Европската народна партија имаше таканаречен шпицен кандидат, односно мандатар. Ајде да воведеме во Македонија, мандатар, односно носител на мандатот на идната Влада, мандатар кој што практично ќе биде носител на кампањата која што треба политичките партии да ја спроведуваат, додаде тој.
Ваквиот механизам кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го предлага да се вметне во Изборниот законик е дел од европските искуства.
-Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот, забележа тој.
Ова менува многу, потенцираше Мицкоски, бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот.
-Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад поратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, вели тој.
„Не може да ги купите луѓето со 500 денара плус. Нашиот народ е горделив народ. Нашиот народ е умен и искусен народ. Ќе видите што ќе му се случи на Заев на 12 април, каков дебакал ќе доживеат овие политики. Ова не е политика. Народот сака стратегија, визија и сигурност“, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце.
Мицкоски рече дека е нечесно народот да живее во сиромаштија, додека Заев и тие околу него се возат во Бентли и уживаат хедонизам.
-Јас сум убеден дека искрен политичар да излезе и да каже луѓе толку време ќе седиме заедно и ќе јадеме леб и сол ама после тоа ќе биде подобро и ако навистина ве видат дека заедно со нив јадете леб и сол тие ќе го чекаат денот кога ќе биде подобро. Ама не може вие да го терате народот да јаде леб и сол, а вие да се возите во бентли и да уживате во хедонизам. Не може тоа е нечесно, посочи Мицкоски.
Мицкоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека во овие моменти во Македонија владее примитивизам и декаденција која е наметната од власта.
Токму ова тој го наведе како една од главните причини зошто младите си заминуваат од државата.
-Точно јас би се сложил со вас дека од овој примитивизам и декаденција кој што денеска ни се случува на политичката сцена помалку сме збунети, бидејќи знаете луѓето кога ги гледаат политичарите поготово оние кои што водат во моментот, а тоа се оние кои што се во владата. Нели тие се најодговорни, и ние како опозицијата имаме одговорност, но најголемата одговорност сакаме да признаеме или не се оние кои што се во Владата. И денеска кога луѓето или оние помлади генерации ги гледаат како се однесуваат, променливото однесување практично на дневна основа ги збунува. И не само што ги збунува туку и во најголема мерка и ги разочарува и си велат зарем овие луѓе треба да бидат мојот модел на однесување, како јас треба понатаму да се однесувам. Вие имате политичари кои што толку примитивно се однесуваат што се прашувате како овие луѓе побогу стигнале таму каде што се наоѓаат. И оваа декаденција која што е се присутна сите оние неуспеси, сета онаа неправда која се случува и тука не би го исклучил и минатото. Но сега ние зборуваме за денешницата за да бидеме поточни о поконкретни во иднината. Ние доаѓаме дека мора работите да се менуваат на подобро, зошто ако вака како што е денеска нашето секојдневие тогаш лошо навистина се пишува на Македонија и генерално на граѓаните. И можеби тоа е еден од мотивите да ја напуштат државата, вели тој.
„Практично сето она што беше создавано со години со генерации политичари изминативе 30 години откако дојде Зоран Заев, откако дојдоа овие луѓе коишто практично се политички губитници, распродадоа се, за што да добиеме? За да добијат оние неколкумина негови обожаватели и клиентелисти околу него, неколку подебели банкарски сметки, да добијат некој бизнис повеќе, да се амнестира тој од она што во минатото цела Македонија го гледаше и слушаше кога беше градоначалник кога бараше мито, и ништо повеќе“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој вели дека како држава во ниедна област не напредувавме, во ниту една сфера ние не отидовме понапред, ако го гледаме клиентелистичкото и материјалистичкото ова што нас денеска ни се случува е само распродавање на интересите за да живееме подобро и да имаме некаква предвидлива загарантирана иднина,но ние од тоа ништо не добивме.
Мицкоски рече дека како држава единствено што добивме е уназадување, декаденција и примитивизам, неуспеси, регресивност наместо прогресивност, како и тоа дека владата нема никаква реформа која што ја спровела, ниту една реализирана реформа.