Актуелно 28.11.2019 16:14

Исени: Буџетот за 2020 е амбициозен, затоа што се сомневаме дека ќе имаме зголемување на БДП како што се предвидува

Исени: Буџетот за 2020 е амбициозен, затоа што се сомневаме дека ќе имаме зголемување на БДП како што се предвидува

Нашата проценка, како бизнис заедница, за предлог-буџетот за 2020 година, од аспект на структурата е сличен како тој од минатата година, со некои минорни потези во разни ставки на буџетот, истакна Дрилон Исени од Стопанска комора на северо-западна Македонија, во емисијата “Економски магазин“ на Алсат телевиза, каде тема на дебата беше предлог-буџетот за 2020 година.

Тој исто така истакна дека во овој предлог на буџет доминира социјалниот елемент а многу помалку развојниот елемент.

– Кога знаеме и сме известени дека од 3 јануари следната година ќе започне техничка влада, цениме дека овој буџет амбициозен, бидејќи имаме дилеми дека ќе имаме зголемување на БДП како што е предвидено во буџетот, рече Исени.

Втора компонента за која Исени смета дека предвидениот буџет е гломазен, е во поглед на реализација на капиталните инвестиции, за кои тот во неколку наврати има истакнато дека оваа Влада докажала дека немала капацитет за нивна реализација.

– Второ е колку може да се обезбедат капитални инвестиции кога го имаме предвид капацитетот на оваа Влада, која го докажа тоа изминитите години, истакна Дрилон Исени.