Актуелно 04.12.2019 15:30

Заев се плаши од испитување на потеклото на имотот на бизнис империјата Заеви

Заев се плаши од испитување на потеклото на имотот на бизнис империјата Заеви

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев се поочигледно е дека се плаши од испитување на потеклото на имотот на бизнис империјата кој ја поседува тој и неговото семејство.

За стравот кој го има Заев од испитување на неговото потекло вчера преку прес-конференција потенцираше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија. Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија, и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите, изјави вчера на прес конференција Игор Јанушев кој додаде дека затоа Заев е должен пред граѓаните на Република Македонија да одговори на неколку прашања:

„Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции, и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика? Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите? Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада. Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет? Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните?“

-Потребни се одговори. На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката. На 12-ти април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13-ти април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите, потенцираше Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ неодамна потврди дека Заев има јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од бизнис со производство на ајвар па се до транспорт и бизнис со марихуана.

„Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг.

Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во анкетниот лист на Заев нема удели на негово име

Во анкетниот лист на Заев, нема удели на негово име, но на име на родителите пријавил акции.

Иако во анкетниот лист Заев не пријавил на свое име ниту недвижен имот ниту автомобил, фактите се сосема поинакви.

Богатството и имотите на Заев во Грција беше предмет на интерес на бугарските медиуми дури и минатата година.

Додека во Атина врие на протестите против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја, а помеѓу два протеста посредникот Нимиц го посети и Скопје, за бугарските медиуми е најинтересна куќата на премиерот Зоран Заев на Халкидики- во туристичкото место Неа Мудања, пишуваат бугарските медиуми.

Он-лајн изданијата на позвучните „Труд“,“ Монитор“, а и другите пишуваат дека луксузната куќа на Заев чинела 100 илјади евра, но истовремено пренесуваат анализи и од грчките медиуми и брокерски агенции- кои пак тврдат дека вилата на македонскиот премиер е многу поскапа од наведената сума- односно дека чини 300 илјади евра.

Според грчките проценки, куќа на прв ред, веднаш до морето, со три спрата не може да биде само 100 илјади евра.

Во куќата, според медиумите чести гости на Заев биле политичари од Скопје и Косово, како и познати бизнисмени од земјава и странство.

Несразмерното зголемување на имотот на Заев е причина за страв и неизјаснување во однос на предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Додека Власта се обидува да ја локализира одговорноста само на двајца, тројца обвинети за Рекет, иако сите показатели говорат дека инспираторот седи нечепнат на Илинденска, додека бројчаникот во аферата Кеш вртоглаво расте, исто како криминалот во државава, и во исчекување на некој нов “успешно спречен хибриден напад” кон Владата (што ќе се забележи во некој нов пранк), Заев е добро да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Заев да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите:

1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;

2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;

3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавна функција;

4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика, потенцира тој и додава:

„И дали ова се причините за молк:

1. Затоа што Заев веќе еднаш беше амнестиран за случајот Глобал во 2008та година;

2. Затоа што Заев готви терен за некоја идна амнестија поради очигледни сомневања за прекршени закони;

3. Затоа што се нема правно покритие за вртоглаво зголемениот имот, и раст на бизнис империјата;

4. И затоа што Заев знае дека ќе загуби на изборите и нема да ја формира новата влада, а сламката за спас му е пратеничкиот имунитет;

Јавноста очекува одговори“.

Заев не ги прифати ниту барањата на ВМРО-ДПМНЕ за ограничување на правото за амнестија.

Секој ден се потврдува дека пречка за правдата во Македонија е токму Зоран Заев. Тој е човекот кој посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата. Имаме премиер кој се плаши да му се испита потекло на имотот. Тоа е така зошто Заев е нечесен човек. Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот. Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Фарсата со судењето во РЕКЕТ покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на Илинденска. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата Кеш за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек, рече Јанушев и додаде:

„Поминаа два дена, ВМРО-ДПМНЕ бара директни одговори од Зоран Заев, без заобиколување:

Дали Заев се плаши и се противи на нашиот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сака уште една амнестија бидејќи е фатен во тешки криминали?

Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати?

И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет?“.

Времето минува, подвлече тој, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и кој не се откажува од пратенички имунитет зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.

-Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија. Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи.