Имено, на социјалните мрежи излегоа фотографии, како Оливер Спасовски, кој се уште е актуелен министер за внатрешни работи, држи партиски состанок во училишни простории, спротивно на законите за основно и средно образование.

Според Закон, најстрого е забрането партиско и верско организирање и дејствување во училиштата. Казнено се регулира делот доколку Законот се прекрши.

Инспекторатот за образование треба да постапи и да го казни директорот на училиштето со глоба од 1600 евра во денарска противвредност.