Поради тоа што градоначалникот не даде одговор на поставените прашања, денес со приложување на договорите ја обелоденуваме вистината за тендерските постапки кои се спроведувале во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, дел од институциите кои се основани од страна на општината – Градинката „Вера Циривири Трена“, ЈП „Исар“, доделувале тендери на компанијата „Де лукс“, која е во сопственост на членови на фамилијата на градоначалникот. Фамилијарната компанија, од стапувањето на функција на Бочварски, до денес добила околу 5.000.000 денари од институции кои се на територијата на општина Штип, потенцираат од партијата и бидејќи дел од овие институции се под директна надлежност на општината, прашуваат:
„Дали градоначалникот влијаел врз изборот на најповолната понуда? Дали ова не е судир на интерес? Вака ли се враќаат парите кај граѓаните?“.
Во прилог склучените договори:

Сите документи на следниот линк: