Актуелно 27.12.2019 16:50

Најава или спин: Дали СДСМ со видео во еден кадар ја протна Цароска за технички премиер?

Најава или спин: Дали СДСМ со видео во еден кадар ја протна Цароска за технички премиер?

Во партиската емисија „30 прашања со“ на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, министерката за труд и социјала Мила Цароска потврди дека Македонија била подготвена за жена премиер. Впрочем, дали тоа според се’ е и поентата на добро осмислените и увежбани 30 прашања. Сосема „случајно“ тоа е последното од 30-те стокмени прашања од пи-ар тимот на социјалдемократите.

Интересен момент е што Петров не ја прашува дали „Северна Македонија“ е подготвена за жена премиер туку дали „дали е Македонија подготвена за жена премиер“ на што Цароска одговара „апсолутно“. Имајќи предвид дека токму оваа Влада ја наметна придавката, а Заев, Пендаровски и министрите толку многу милуваат да ја потенцираат и кога не треба, ова се  толкува како „позитивно“ приближување кон јавноста на кадарот кој треба да ја води техничката влада. Прашањето е дали, доколку Макеоднија и е подготвена за жена премиер, истото се однесува и нивната „Северна“ творба, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи. Единствен факт е дека новата „Фабрика“ (прашање е само далие Фабрика 5 или 6) за пи-ар и вести на СДСМ е забревтана и оди со полна пара, на страна „парата“ од над 1 милион евра за кампањата која следува, информација која ја обелодени опозицијата.

Со лиферувањето на ова скапо видео кое тренди е направено во еден кадар, а според информациите до кои дојдовме  е долго подготвувано и преснимувано многу пати, најави ли СДСМ кој ќе биде техничкиот премиер? Меѓу другото, и покрај многуте преснимувања и подготовки, стартезите не мислеле многу на јазикот, затоа што Цароска се „секира“, а не се „грижи“, како што би требало. Имено, зборуваме за партија која „толку многу се залага“ за македонскиот јазик.На страна што видеото на Петров е целосна копија на серијал на магазинот „Vogue“ идеја старат повеќе од 4 години.

Изненадува уште еден момент, што на Цароска омилен филм и е „Џокер“ филм со толку крв и насилство,на страна што е со неспорни филмски квалитети, но таа се претставува како пример за семејна жена, на страна министерка за труд и социјала.

Ја протнаа ли вака стартезите од екс Бихаќка прикаската за новиот технички министер или стрaтешки, со класичен спин во свој стил, ја одалечуваат македонската јавноста од Оливер Спасовски, кој е во игра за истата позиција?