Актуелно 10.01.2020 12:22

Растат трошоците за живот

Растат трошоците за живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 101.0.

Индексот на трошоците на животот  во 2019 година, во однос на 2018 година, бележи пораст од 0.8 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатата година.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2019 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.6 %, Здравје за 2.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1.6 %, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1.2 %, Ресторани и хотели за 0.9 %.

Намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 2.2 %, Комуникации за 1.7 %, Облека и обувки за 1.5 %, Образование за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Движењето на индексот на цените на мало во 2019 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско-прехранбени производи за 1.4 % и Земјоделски производи за 0.4 %.

Намалување на индексите е забележано во групите: Пијалаци за 1.5 %, Услуги за 0.3 %, Индустриско непрехранбени производи и тутун за 0.1 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележа пораст од 0.4 %, а  индексот на цените на мало забележа намалување од 0.2 %.