Актуелно 19.01.2020 12:47

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е со мафијата, ние сме со народот и така и ќе остане

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е со мафијата, ние сме со народот и така и ќе остане

Со СДСМ и Зоран Заев целиот систем е ставен во функција на криминално рекетарската банда на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ  и Зоран Заев мафијата си доби своја држава, а со судската опомена на тепачот Курту Дудуш државата доби заштитник на насилниците. Врв на хипокризија е кога на СДСМ не му смета Курто Дудуш кога тепа граѓани во канцеларија, а им смета Цветан Трипуновски кој врши рутинска проверка.Лицемерно е да се пишуваат соопштенија и да се даваат изјави затоа што Цветан  Трипуновски фатил функционер на СДСМ со нозе на биро за време на работно време, а да не се реагира кога градоначалникот на Демир Хисар се заканува на вработени пред малолетни деца. СДСМ е во тесна спрега со судството, погазувајќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не го осуди криминалот, корупцијата и рекетот, но се исплаши од Трипуновски кој си ја врши работата и е заштитник на земјоделците.

-СДСМ е со мафијата, ВМРО-ДПМНЕ е со народот и така и ќе остане. Со СДСМ граѓаните на Република Македонија се во заден план и граѓаните тоа го знаат. Криминално мафијашката банда е во паника, страв и очај од претстојниот изборен пораз. Граѓаните повеќе не му веруваат на СДСМ и Заев. Заев, СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, порачуваат тие.