Денеска се одржа аукција на државни хартии од вредност во износ од 24, 3 милиони евра . Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија оджана е аукција на државни записи и државни обврзници со кои владата официјално се задолжи за нови 24,3 милиони евра.

Ова не е прво задолжување годинава туку е едно од низата што ги реализираше Владата и Министерството за финансии. Задолжувањата вртоглаво растат додека реализацијата на капитални инвестиции е очајно ниска. Според економистите ваквиот начин на континуирано задолжување непропратено со иста динамика на инвестирање во капитални инвестиции е опасно по и онака слабата македонска економија.
Понатаму, експертската јавност алармираше и за вртоглаво високиот јавен долг кој ја надмина психолошката граница од 50 % што претставува дополнителен проблем. Скоро сите реномирани финансиски институции како Светска Банка и ММФ предупредија за висината на јавниот долг кој постојано наместо да се намалува расте.
Инаку, владата пред да дојде на власт беше огромен критичар на зголемувањето на јавниот долг и беше против задолжувањата но сега како власт постојано ги практикува коментираат експертите.