Во дневникот на Сител Телевизија гостуваше амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз која изрази загриженост заради недостатокот на можности поради која младите ја напуштаат земјата.
– Она што ме загрижува во врска со младите е негативноста со која се опкружени и не само негативни гласови и притисоци туку вистински пречки како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на визијата која што ја имаат за себе кажа Брнз.
Амбасадорката на САД истакна дека најмногу ја загрижува негативноста која што ги опкружува младите луѓе како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на својата визија и цели.
Дополнително Брнз појасни дека една од целите на амбасадата на САД во Македонија е да им помогне на младите да се слушне нивниот глас и да ги охрабри. Исто така истакна дека младите треба да се дел од политичкиот процес и од процесот на донесување на одлуки односно дека нивните идеи за иднината треба да се земат во предвид.
Брнз дополни дека би било многу позитивно за државата доколку голем дел од младите се задржат во Македонија и ја гледаат својата иднина тука.