Актуелно 02.02.2020 13:48

ФОТО: Тимот на Смилевски контра СДСМ и Заев во општина Бутел

ФОТО: Тимот на Смилевски контра СДСМ и Заев во општина Бутел

Чедо Николовски и Омер Коласинац кои беа дел од најблиските соработници на градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски се контра политиките на Заев и СДСМ.

Имено тие беа на Советничката листа на СДСМ на локалните избори во 2017 година, а деновиве на социјалните мрежи искажуваат големо незадоволство кон владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

Дали во општина Бутел СДСМ се распаѓа целосно останува да видиме.

Инаку Омер Коласинац на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува „Едните опструираат и блокираат. Другите лажат и крадат, трети ветуваат не исполнуваат, тоа се вика здружение на???!!!“, стои во неговиот револтиран статус на Фејсбук.

 

 

Додека Чедо Николовски прашува дали има некој политичар на кој може да му се верува? Јас таков не познавам, вели тој на Фејсбук.