Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека никој во оваа држава не верува повеќе во тоа дека сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада.
-Никој не верува во тоа да сме прогласени во хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата. Никој не верува во тоа да за три години нема ниту еден процесуиран и сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство. Не е до законот за обвинителство колку што е до анкетите и до навигацијата кој Заев ги добива секој ден на терен, истакна Мицкоски.
Како што рече, анкети кои покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и да одбегне одговорност со тоа.