Актуелно 21.02.2020 12:41

Фројдовиот комплекс „пуштен на најјако“ во СДСМ, се повеќе искрено и несакајќи си признаваат за неделата на врхушката

Фројдовиот комплекс „пуштен на најјако“  во СДСМ, се повеќе искрено и несакајќи си признаваат за неделата на врхушката

Македонската јавност сведочи на вистински серијал на изблици на искреност во СДСМ со кои врхушката несакајќи ги издава своите грешки и недела. Истото деновиве можевме да го видиме кај Спасовски, Зеќири и Шеќеринска, кои лидерот Заев стандардно ги надополнува и разигрува со своите гафови и полиглотски способности.

Во најновото издание на јавна промоција на Фројдов комплекс можевме да го видиме Заевиот близок соработник Бојан Маричиќ. Екс невладиниот претставник, кој поради својата очебијна партијска ориентација сега стана владин советник, во најновиот неконтролиран наплив на искреност призна дека неговиот шеф прво што направил откако Камчев го пријавил рекетот е да му каже на Боки 13 дека нивната операција е откриена. Да не заборавиме дека Бојан Јовановски беше уапсен на граничниот премин со Грција каде најверојатно се упатил за да избега од правдата во Македонија.

Несреќна изјава, збунка или неконтролиран наплив на искреност кога нешто ве притиска и пече, оценете самите од разговорот:

 Во однос на улогата на Зоран Заев, јасно излегоа две пораки каде што и на Орце Камчев и на Боки 13 јасно им кажува дека ќе одговараат и дека нема намера ништо да оправдува, ниту да учествува во тоа и да си ја докажат својата невиност пред суд“, изјави Маричиќ.

– Супер е сето тоа што го кажавте – прво разговара со нив, после и се јавува на „Русковска“ да го пријави случајот?, праша Андоновски.

Точно така, потврди Маричиќ.

Со ова, Маричиќ јасно потврди дека Заев јасно и лично го предупредил Боки 13, на страна што според разговорите кои ги презентираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, екс премиерот директно ја субвенционирал т.е. финансирал и поддржал неговата ултра-провладина 1ТВ.

Тоа ли е причината што СДСМ, правејќи дигресија и дефокус за јавноста, сега вади лажни вести со сомнителни и нарачани истражувања за наводно незаконско финасирање на опозицисите медиуми, прашуваат познавачите на состојбите за Курир. Проработе ли под притисок на претстојниот пораз со полна пара Фабриката на екс Бихаќка?

Претходно Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска најавија најгрда кампања во историјата на Македонија, полна со лажни вести. Прашањето на јавноста беше дали и тие потсвесно се издадоа и мислеа на кампањата на својата партија, имајќи предвид дека токму СДСМ се изумители на лажните вести и на некрофилскиот пристап во кампањате и во државата и пошироко.

Претходната кампања за парламентарните избори им се базитраше на неколку „столба“ повразни со нечија смрт: наводната инволвираноста на ВМРО-ДПМНЕ во убиството на Мартин Нешковски, случајот со малата Тамара, Никола Младенов, масакрот кај Смиљковско езеро. Сите до една испаднаа лажни вести.

Прашањето на јавноста е кој е следниот социјадемократ кој јавно, сакајќи или не, ќе признае ново недело, криминал или ќе разоткрие нова лажна вест стокмена во кујната на СДСМ на екс Бихаќка?

Експертите согласни дека едно е сигурно, ова дефинитивно ќе биде најгрдата кампања во историјата на државата, особено имајќи го предвид влогот на владејачката гарнитура, за која овие избори се да се биде или не, односно комбинација на губење на власрта, моќта, а кај некои високи функционери и слободата.