Огромен број на незадоволни и разочарани граѓани од оваа ненародна власт вчера излегоа на протест против неправдите организиран од ВМРО-ДПМНЕ.
Доказ дека народот му покажа црвен картон на лидерот на СДСМ и екс- премиерот Зоран Заев беа насобраните над 20 илјади граѓани.
Транспарентите кои ги држеа граѓаните на вчерашниот протест ја опишува реалноста во нашата држава и вистината за (не)правдата во Македонија, еве дел од нив:
„Заев е виновен“, „ниту правда ниту мир“, „стоп за Заев и мафијата“, „одговорноста доаѓа“, „Заев: Сум се договорил со Јово“, „Вилма- адвокат на мафијата“, „Заев е виновен“, се само дел од написите .
Инаку за време на маршот повторно се пушти и бомбата на ВМРО-ДПМНЕ која беше повод за организирањето на овој собир, а истата можете да ја слушнете од 25:13 минути.