Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска гостуваше во образовната емисија „ТВ Училница“, која од 16 март секој работен ден се прикажува на Македонската радио-телевизија.
Граѓаните, по ова појавување на Спасовски, реагираат дека СДСМ не престанува да тера политика врз грбот на најмладите.
И во ек на битка со коронавирусот, Спасовски и СДСМ се обидуваат да соберат непримерни политички поени.
Жално е што популизам и злоупотреба на деца се прави и во време на вонредна состојба. Политиката мора да биде тргната од грбот на најмладите и најранливите.