Актуелно 12.05.2020 16:07

Детали од лидерската: Заев сакал брзи избори, со ниска излезност, граѓаните сами да си граделе имунитет од короната

Детали од лидерската: Заев сакал брзи избори, со ниска излезност, граѓаните сами да си граделе имунитет од короната

Неофицијално дознаваме дека на лидерската средба претседателот на СДСМ Зоран Заев инсистирал на брзи избори дури и по цена на влошување на здравјето на граѓаните.

Тој во една прилика кажал граѓаните може да се разболуваат, ама државата мора да има нова влада.

Неофицијално исто така дознаваме дека Заев не бил загрижен што за кус период не може да се донесат набљудувачи од странство, тој рекол дека изборите мора да се случат, дури и да има ниска излезност, а граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста.

На лидерската настанало чудење од нахалноста на Заев за избори и при што еден од лидерите му пререкол дека на Заев му се брза да загуби, а Заев на ова одговорил дека тој е свесен дека тешко ќе биде, но кризите се шанса за политичарите.

На ова настанало чудење при што Пендаровски го продолжил со состанокот.