Актуелно 16.05.2020 11:01

Заев со пакетот мерки турка масовен поткуп пред избори, за да не се осети бедата која доаѓа

Заев со пакетот мерки турка масовен поткуп пред избори, за да не се осети бедата која доаѓа

Вонредната состојба се злоупотребува, не за заштита на здравјето на граѓаните, туку за носење на уредби со законска сила со цел да поминат буџетските пакети за поткуп, кои Заев ги нарекува помош во пресрет на можните избори.

Продолжувањето на вонредната состојба беше барање на Комисијата за заразни болести поради како што наведоа, заштита на здравјето на граѓаните, а вчера гледаме дека вистинската причина била токму носењето на уредби, како и што призна самиот Пендаровски, со што се злоупотребува и самата комисија и нејзиното мислење.

Организирано делење на пари во пресрет на можни избори не е ништо друго туку покривање на неуспесите во економијата со груб еднократен поткуп казнив со закон. Оттука ги повикуваме и оние кои ги пишуваат уредбите, да внимаваат што пишуваат а и оние кои имаат намера да потпишат нешто што е незаконско, да знаат и да внимаваат што потпишуваат затоа што ќе одговараат и целата нивна работа ќе биде предмет на ревизија.

Со тоа што СДСМ испрати ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември покажа дека не им е грижа за здравјето на граѓаните туку се борат за потесен пораз.

Со ова им падна и во вода тврдењето дека биле за брзи избори сега затоа што на есен ќе имало нов бран на корона, кога тие бараат избори во декември. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ, и ВМРО ДПМНЕ убедено во силна победа, ќе се бори првенствено за заштита на здравјето на граѓаните.

Наместо со лицитација на датуми за избори, и притисоци врз ДИК за неразумни кратења на рокови, СДСМ треба да се посвети кон заштита на здравјето на граѓаните. Сето нивно однесување освен несериозност покажува дека се опасност по здравјето на граѓаните, и сакаат ФБ избори кои ќе бидат нерегуларни и не кредибилни.

Инаку од пакетот на мерки кои го предвидува Заев најважни му се мерките за директно еднократно корумпирање на граѓаните пред изборите за што и ја продолжи Вонредната состојба.

Критериумите за мерките се премногу неодредени што отвора сомнеж за корупција и криминал.

Сака ли Заев да „легализира“ поткуп на граѓани пред избори?

Имено Заев предлага:

  1. Домашна платежна картичка од 150 евра за ранливи категории и семејства со помали приходи погодени со Ковид (вредност 18 мил. евра).
  • Мерката е за ранливите категории и за семејствата со помали приходи погодени со Ковид-19 нема податоци од каде ќе се парите кои ќе се дадат.
  • Кој ќе ја издава картичката – која компанија (домашна фирма или банка?) и кој ќе носи трошокот за издавање? Не е буџетиран трошокот.
  • Бесплатно инсталирање на пос-ови за сите што немаат – но не кажуваат кој ќе го понесе трошокот за пос-овите и за инсталирањето (државата и дали ова е калкулирано во буџет), дали државата ќе им плати на ИТ компаниите за тоа и дали тоа не е нов бизнис.
  • се вели ќе се помагало купување домашни производи во маркети – како ќе се знае дека се домашни купени производи ќе се гледа на фискалната сметка?).
  1. Ваучерите за туризам од 100 евра + домашна картичка од 50 евра- вредност 18 мил. евра предвидена мерка, а нема пари во буџетот.
  1. Ваучери за студенти и средношколци од 100 евра + домашна картичка од 50 евра(вредност од 12 мил. евра). Нема мерка за основци зошто? Затоа што тие не се гласачи?

Мерките се за борба од последиците од Ковид-19, а ќе даваат 120 милиони евра за старт ап бизниси.