Актуелно 12.06.2020 21:58

Заев и Мицкоски кај Пендаровски не постигнаа договор за датумот за изборите

Заев и Мицкоски кај Пендаровски не постигнаа договор за датумот за изборите

На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.

На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.