Актуелно 26.06.2020 22:14

Муцунски од Дебар маало: Се обврзавме во проектот Зелена Македонија да има 30% зеленило на ниво на маало

Муцунски од Дебар маало: Се обврзавме во проектот Зелена Македонија да има 30% зеленило на ниво на маало

Кандидатот за пратеник во изборната единица 1 Тимчо Муцунски денеска беше во посета на Дебар маало.

Тој по посетата на населеното место сподели и статус на својот Фејсбук профил.

-Граѓаните велат едвај се дише во летниот период тука во скопско Дебар Маало. #СеОбврзуваме во проектот Зелена Македонија при донесување на урбанистичките планови за 30% зеленило на ниво на маало во деталните урбанистички планови, како и задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина при градежна активност, за да се реши проблемот со недостатокот на зеленило и почиста животна средина за сите, стои во неговиот пост на Фејсбук.