Актуелно 06.07.2020 21:13

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бараше да се наградат лекарите, но бевме одбиени, сега пред избори Заев истото го ветува

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бараше да се наградат лекарите, но бевме одбиени, сега пред избори Заев истото го ветува

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му посочи на Зоран Заев дека предлогот за награда на лекарите беше прв предлог на ВМРО-ДПМНЕ, но истиот бил одбиен од власта,а сега Заев истото го ветува пред избори.

-Тоа беше прв предлог кој беше даден од ВМРО-ДПМНЕ, но за жал тогаш не беше прифатен, сега пред избори мислат дека на тој начин ќе ја добијат симпатијата од страна на граѓаните, од страна на лекарите, од страна на медицинскиот персонал, му реплицираше Мицкоски на Заев.

Мицкоски вели според негово мислење здравствените работници и лекарите се чувствуваат измамено, се чувствуваат  разочарани и никакво милосрдие нема од Зоран Заев и оваа гарнитура за оние луѓе на кои им е потребна во коронакризата.