Актуелно 20.08.2020 14:20

Криза во владејачката коалиција: Седницата одложена за утре напладне, никој не дава одговори зошто денеска не е закажана конститутивната седница

Криза во владејачката коалиција: Седницата одложена за утре напладне, никој не дава одговори зошто денеска не е закажана конститутивната седница

Седницата на Собранието нема да се одржи денес, одложена е за утре во 12 часот.

Се очекува да биде реизран собранискиот претседател Талат Џафери, а и покрај најавите тоа не се случи денеска, наводно поради партиски консултации кои се уште траат.

Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, заедно со ДУИ и ДПА има вкупно 62 пратеници, претседателот на парламентот се избира со 61.

Откако вчера беше објавено дека денеска ќе се одржи конститутивната седница, на која ќе се избере старо-новиот спикер Талат Џафери, до тоа сепак не дојде.

Од владејачката партија СДСМ, велат дека нема никакви проблеми зошто не е закажана седницата, но не даваат поконкретни информации.

Според информациите, вчерашната седница на Централниот совет на ДУИ ја бојкотирале пратениците од Чаир и Сарај, Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Двајцата пратеници наводно најавиле дека нема да учествуваат во гласањето на Талат Џафери за претседател на Собранието и на новата влада.