Актуелно 21.08.2020 14:58

ФОТО: Тргнаа од Мериот, побараа оставка од Мицкоски и се вратија во Мериот

ФОТО: Тргнаа од Мериот, побараа оставка од Мицкоски и се вратија во Мериот

Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател.

На прес конференцијата на новинарско прашање дали групата има контакти со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков тие одговорија потврдно.

Имено пред одржувањето на прес конференцијата поголемиот дел од групата пристигна од хотелот Мериот кој е во сопственост на Мијалков и во кој се вратија веднаш откако заврши прес конференцијата.