Актуелно 28.10.2020 11:52

Мицкоски: Сите бремени жени да се ослободат од работа, наместо политиканство на Владата потребни е одлуки!

Мицкоски: Сите бремени жени да се ослободат од работа, наместо политиканство на Владата потребни е одлуки!

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид, апелирам бремените жени да се ослободат од работа и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.

Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.

Да спасиме живот“ – порача тој!