Актуелно 30.10.2020 10:47

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио

Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозаболени и 14 нови починати, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично.

-Сите им се виновни што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие. За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност. Сето тоа покажува колку мафијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат епидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.