Актуелно 09.11.2020 11:27

Мицкоски: Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно поради корона

Мицкоски: Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно поради корона

Претходното деноноќие Македонија имаше 26 мртви поради #COVID. Дури 132 починати за само една недела. 132 семејства завиени во црно. По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада која прави геноцид врз својот народ, преку бруталната неспособност каде ништо не е под контрола. Секаде во светот короната напаѓа, но убеден сум, да ја немавме оваа неспособна Влада, денес ќе имавме повеќе животи кои се спасени. Државава се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што здравствениот систем е мизерен и клекнат на колена. Државниот апарат не функционира. Зоран Заев ги упропасти сите шанси за било што да е подобро. Овој човек е неспособен да донесе иднина, но затоа е прв во лаги, неспособност и криминал и затоа мора оставка и Влада од стучни луѓе за национален спас!, стои во партиското соопштение до јавноста.

„Погледнете го ова видео и сѐ ќе ви стане појасно…, додаваат од таму“: