Четири автомобили се судрија вечерва на булеварот Партизанска во Влае во близина на бензинската станица на „Макпетрол“, објави А1он.
Очевидци велат во сообраќајката има повредени.
Полиција го регулира сообраќајот оти со судирот е зафатена крајната лева лента на булеварот.