„Јас никогаш не сум спомнал дека некој друг е виновен“. Со овие зборови премиерот Зоран Заев одговори на прашањето – Дали мисли дека уште невини лица се во затвор во случајот со Смилковското езеро? Како што изјави при објавувањето на бомбите во 2015 година.
Во 2015 година Заев вети дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.
Прашањата на адреса на Заев доаѓаат со оглед на тоа што во 2015 година кога се појавија „бомбите“ имаше негови изјави во врска со случајот, а една од нив која беше пренесена во македонската јавноста, беше од интервју за германскиот весник „Цајт“, каде тој вели дека луѓето кои се осудени се невини.