Работници на зимската служба, во акција за расчистување на снегот на планината Папук во Славонија, Хрватска, нашле две смрзнати тела, јави локален портал од Пожега.
На делницата Велика-Јанковац, најпрво е пронајдено едно тело, а пота во близина еден граѓанин нашол уште едно смрзнато тело. Полицијата ја потврди информацијата.
Се сомневаат дека се работи за мигранти кои биле затекнати од студеното време и снегот, што на Папук го има до половина метар. Не се знае дали со нив имало уште луѓе и дали можби има уште замрзнати во снегот.
На местото излезена е и интервентната полиција за да пребараат поголемо подрачје, а повеќе информации се очекуваат наутро.